Во дербито на „црвената“ група на АТП финалниот турнир во Торино, рускиот тенисер Данил Медведев со 2-1 го совлада Германецот, Александер Зверев (по сетови 6:3, 6:7, 7:6) и на тој начин обезбеди полуфинале на турнирот.
Двајцата тенисери забележаа победи во првите мечеви.
Во првиот сет Русинот уште во вториот гем стигна до брејк предност која ја сочува до крајот на сетот.
Во вториот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до 6-6, па тај-брејк мораше да одлучува дали ќе се игра трет сет. Зверев во тај-брејкот загуби еднаш, но поентираше трипати на туѓ сервис и се избори за одлучувачки трет сет.
Во третиот сет двајцата одлично сервираа. Единствената брејк топка ја имаше Зверев во 11 гем, но остана неискористена.
Во тај-брејк, Медведев беше посконцентриран, по смирен, па забележа победа.
Вториот светски тенисер има две победи и сет разлика 4-2 со што е недостижен за Зверев кој место во полуфинале ќе брка во последниот меч против Хуберт Хуркач.