Италијанскиот прволигаш Салернитана е во трка со времето да најде нов клуб, откако клубот потврди дека не е добиена ниту една „прикладна“ понуда за купување на клубот, со што првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито останува на чело на тимот.
Според правилата во италијанската лига, не е дозволено два клуба во иста лига да бидат во сопственост на еден човек, а Лотито откако ја презеде Салернитана ја крена од Серија Д во Серија А и сега мора да ја продаде.
Бидејќи немаше понуди, Лотито мораше да го постави клубот во „траст“, предавајќи го водењето на клубот на луѓе кои не се поврзани со него, додека се бара нов сопственик. Сега, таа привремена управа на клубот утврди дека нема вистински понуди, односно во понудите недостасува документација или финансиска стабилност. Тие го одложија крајниот рок за понуди до 5 декември.
?? COMUNICATO STAMPA
? Chiarimenti sulle offerte per l’acquisto del 100% del capitale sociale dell'U.S. Salernitana 1919 S.R.L.
? https://t.co/zYoqPI3pSc— US Salernitana 1919 (@OfficialUSS1919) November 16, 2021