Поранешниот српски репрезентативец, кошаркарот на АЕК Атина, Стеван Јеловац имал мозочен удар на тренинг и се наоѓа во стабилна, но сериозна состојба, потврди грчкиот клуб.
32-годишниот Јеловац во неделата колабирал на тренинг по што веднаш бил однесен во болница, а неговиот тим му ја посвети победата над ВЕФ Рига во БЦЛ лигата во неделата.
Јеловац се приклучи на грчкиот тим пред сезоната 2021/22, и имаше седум настапи со 12.6 поени по натпревар, пред да го повреди коленото. Тој има играно и во Турција, Германија, Русија, Шпанија и Јапонија, а има и девет настапи за српската репрезентација за време на квалификациите за СП во 2019 година.
ΑΕΚ: Σοβαρό εγκεφαλικό επεισόδιο ο Στέφαν Γέλοβατς https://t.co/NErTMTLz5c #aek #aekbc #stevanjelovac
— Kingsport.gr (@KingsportGr) November 16, 2021