Top Sport

Синер го замени Беретини и го декласираше Хуркач

Младиот италијански тенисер, Јаник Синер целосно ја искористи својата шанса за прв настап на АТП финалето на домашен терен во Торино, откако беше повикан како замена по повредата на неговиот сонародник Матео Беретини.

Беретини се повреди во мечот со Александер Зверев и мораше да се повлече од турнирот, а 20-годишниот Синер, кој се подготвуваше како замена на турнирот со тренинзи со Новак Ѓоковиќ, мораше да го заземе неговото место.

Против Полјакот Хуберт Хуркач, уште еден дебитант на завршните турнири, Синер демонстрираше сила, победувајќи со 2:0 (6:2/6:2) со што го обезбеди пласманот во топ 10 на крајот на годината.

Синер ќе има уште еден меч на турнирот, кога ќе се сретне со светскиот број 2, Данил Медведев, кој има 2-0 скор, и со евентуална победа над Русинот и „кикс“ на Зверев против Хуркач може да стигне и до полуфиналето на турнирот.

Scroll to Top