Top Sport

Меси: Далеку сум од вистинската форма

Бодот против Бразил, освоен во Сан Хуан, ја однесе фудбалската репрезентација на Аргентина на Светското првенство во Катар.

Супер-дербито не ги оправда очекувањата. Без големи шанси, со многу груби стартови на теренот. Уругвајскиот судија покажа шест жолти картони.

За Аргентина играше Лионел Меси, и покрај тоа што ги пропушти последните два натпревари за ПСЖ. Капитенот на гаучосите, по натпреварот, признал дека е далеку од посакуваната форма.

„Натпреварот со Бразил беше полн со интензитет, поради долгата пауза што ја имав ми беше потребно време да влезам во посакуваниот ритам. Се уште не сум доволно физички подготвен. Извесен период е така, а кога не си физички подготвен тешко е да се игра ваков натпревар. Сепак се надевам дека годината ќе ја завршам на посакуваниот начин“, рекол Меси.

Scroll to Top