Top Sport

WhoScored: Барди во идеалниот тим на европските квалификации

Специјализираниот фудбалски портал „WhoScored“, анализирајќи ги резултатите, го избра идеалниот тим, во штотуку завршените квалификации за пласман на Светското првенство во Катар.

Меѓу најдобрите единаесетмина се наоѓа и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Според порталот Барди има вкупен рејтинг 7,82.

„Клучниот играч на Македонија во завршницата на квалификацискиот циклус. Извонредна партија во победата над Ерменија од 5:0, каде што постигна хет-трик. Има просек од 2,3 клучни додавања по натпревар“, пишува „WhoScored“, во својот коментар.

Осуммина во овој тим доаѓаат од репрезентациите кои се пласираа на Мундијалот во Катар. Двајца, Барди и Жоао Кансело од Португалија ќе играат бараж за пласман на Светското првенство, а само голманот на Лихтенштајн, Бенжамин Бушел, со својата репрезентација ги заврши настапите.

Покрај Барди во идеалниот тим на порталот се најдоа: Бенжамин Бушел (Лихтенштајн), Жоао Кансело (Португалија), Хари Мегваер (Англија), Вирџил ван Дајк (Холандија), Јоаким Меле (Данска), Стивен Бергис (Холандија), Дуашан Тадиќ (Србија), Мемфис Депај (Холандија), Хари Кејн (Англија) и Роберт Левандовски (Полска).

Фото/ffm.mk

Scroll to Top