Британскиот Формула 1 возач – Луис Хамилтон заработи парична казна затоа што го одврза појасот додека го возеше победничкиот круг минатиот викенд на „Интерлагос“ во Бразил.
Светскиот шампион го удрија по џеб и тоа со 25.000 евра, од кои 5.000 мора веднаш да уплати, а преостанатите 20.000 до крајот на 2022 година.
„Да го одврзеш појасот додека болидот е во движење не е безбедно, дури и кога се вози бавно. Сите ги знаат правилата, знаат и дека во бавен круг мора да се олабави појасот, но не и да се откачи. Никој никому не му забранува да ја слави победата, но мора да се почитуваат безбедносните протоколи“ рече директорот на Ф1 – Мајкл Маси.
Хамилтон моментно има 318,5 поени во генералниот пласман, заостанува 14 поени зад лидерот – Макс Ферстапен (Ред Бул).