Поранешниот НБА ас – Трејси Мекгрејди не беше доволно добар да биде сместен меѓу 75-те најдобри НБА играчи во историјата на лигата, но секако беше еден од најдобрите во своето време. Поради тоа дури седумпати беше повикуван на Ол-стар меч, двапати беше дел од најдобрата петорка во лигата, а двапати го подигнуваше пехарот за најдобар стрелец.
Во 2017 година доби место во Куќата на славните – таму влезе со просек од 17,1 поени во лигашкиот дел и 22,2 поени во пел-офот.
Бројките, според него, би биле далеку подобри доколку тој играше сега во НБА лигата.
„Разговарав во мајка ми и и реков `Прерано си ме родила. Дали разбираш што сакам да кажам`. Би сакал да се пробам во денешната кошарка. Има помалку физички контакт, многу повеќе шутеви за 3 поени и повеќе простор. Тоа би ми дало огромна предност како кошаркар кој сака да напаѓа и да игра еден на еден. Во просек постигнував по 32 поени по меч кога имаше многу повеќе физички контакт и борба. Замислете што би правел сега, во модернава кошарка“ изјави Трејси Мекгрејди за „Sports Ilustrejtid“.
Најблескавите моменти ги имаше во Орландо и во Хјустон, а настапуваше и за Њујорк, Детроит, Атланта и Сан Антонио.
15 години беше дел од НБА – од 1997 до 2012 година.