Top Sport

На тимот му носел лоша среќа, клупските челници му врачија отказ

Напаѓачот од Гана, Мохамед Анас (26), од бизарна причина добил отказ во ТС Галакси од Јужна Африка. Анас, бил отпуштен бидејќи носел лоша среќа.

Неверојатно е што неговите соиграчи побарале од клупските челници да го отпуштат. Фудбалерите верувале дека поради него не им оди добро оваа сезона.

„Тимовите во кои играл или се бореле за опстанок или испаѓале од лигата“, им изјавил на медиумите неименуван извор од клубот и дополнил.

„Маритзбург со тешка мака изборија опстанок, а Фри Стејт Старс и Полокван сити испаднаа од лигата. Минатата сезона на Блек Леопардс им се случи истото. Играчите се загрижени. Убедени се дека тој му носи лоша среќа на тимот. Се борат на теренот, но резултати нема. Поради тоа доби отказ.

Scroll to Top