Скоти Пипен верниот соборец на Мајкл Џордан од славните времиња на Чикаго Булс, неодамна ги објави мемоарите, во кои „главен негативец“ е Џордан. Пипен жестоко го критикува Џордан од моментот кога документарниот филм „Последниот танц“, се појави во јавноста. Филмот ја следи последната сезона на Џордан во НБА лигата.
Пипен, во својата книга, открива дека често имал несогласувања со Џордан. Истакнува дека без соиграчите Џордан никогаш не би бил Џордан.
„Мајкл Џордан никогаш немаше да биде Мајкл Џордан не бева тука Пипен, Хорас Грент, Тони Кукоч, Џон Пекстон, Стив Кер, Денис Родман, Бил Катрајт, Рон Харпер, Би-Џеј Амстронг, Лук Лонгли, Вил Пердју и Бил Венингтон“.
Пипен оди толку далеку во своите мемоари што тврди дека Џордан ја уништил кошарката и дека во историјата на кошарката никој не е подобра од Леброн Џејмс.
„Слободно ќе кажам дека Мајкл Џордан ја уништи кошарката. На игралиштата во 80.години, топката вртеше во круг, децата се подаваа. Тоа престна во 90.години. Децата сакаа да бидат како Џордан. Мајк не сакаше да додаде, не сакаше да скока, не сакаше да игра одбрана врз најдобриот противнички играч. Тој сакаше целиот тим да работи за него“, тврди Пипен.
„Поради тоа секогаш сум мислел дека Леброн Џејмс е најдобриот во кошаркарската историја. Леброн прави се, поставува темели за играта да биде онаква каква што треба да биде“.