Top Sport

НФЛ франшизите најмногу ги плаќаат своите тренери

Тренерот на Њу Ингланд Петриотс, Бил Белчик, заработува најмногу од колегите во сте професионални спортови во САД. Истражувањето на Спортико, покажува дека на листата на 25.најплатени тренери во САД, 14 се тренери на франшизите од американскиот фудбал, НФЛ.

Белчик шесткратен шампион со Њу Ингланд, има годишна бруто плата од 18 милиони долари. Во овие пресметки на Спортико не влегуваат бонусите.

На второто и третото место се наоѓаат колегите на Белчик од Сиетл Сихокс и Њу Орлеанс Сејнтс. Пит Керол и Шон Пејтон работат за 14 милиони долари. Четврти на оваа листа е уште еден тренер од НФЛ, Енди Рид од Канзас сити Чифтс (12 милиони долари).

Честа на НБА лигата ја брани Грег Попович од Сан Антонио Спарс. Попович заработува 11,5 милиони долари, колку што Питсбург Стилес од НФЛ го плаќаат Мајк Томлин.

14 од првите 25 тренери работат во НФЛ лигата, седум во НБА, тројца работат во колеџ фудбалот, а еден во колеџ кошарката. Во првите 25 нема ниту еден тренер од хокеарската и бејзбол лигата.

Scroll to Top