Германија се соочува со рапиден раст на заразени од коронавирусот. Медиумите тврдат дека е можно, наскоро, на спортистите кои не се вакцинирани, да им биде забрането да настапуваат за своите клубови.
Доколку биде воведена оваа мерка, најтрофејниот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, ќе се најде во сериозни проблеми. Четворица важни играчи за тимот одбиваат да се вакцинираат.
Тоа се Јосуа Кимих, Серж Гнабри, Џамал Мусијала и Ерик-Максим Чупо Мотинг.
Овие четворица веќе се под лупа на владата на покраината Баварија, која веќе ги има воведено овие мерки. Тие веќе почувствуваа дел од мерките, забрането им е да патуваа заедно со тимот и да престојуваат во ист хотел со соиграчите.
Баерн вечерва ќе гостува во Аугсбург.