Данил Медведев упати жестоки критики до организаторот на Завршниот мастерс, по победата над Јаник Синер. Медведев, кој пред мечот со Синер, го обезбеди првото место во групата, победи со 6/0, 6/7, 7/6. Мечот траеше два часа и 32 минути.
Светскиот број 2 го критикуваше организаторот што неговиот меч е ставен во вечерниот термин, што значи дека ќе има помалку време за одмор пред полу-финалето.
„Нормално е дека сакаат Италијанец да игра во ударниот термин, но исто така беше очигледно дека овој меч требаше да се игра порано. Така ќе имав време да се одморам. Не сакав да бидам „мртов“ и да играм два и пол часа. Сакам да читам коментари, луѓето кои ме критикуваат треба да разберат дека можев да глумам. Пред мечот можев да кажам дека имам главоболки и да не се појавам на теренот. И во тој случај ќе бев прв во групата. Не го направив тоа, излегов на теренот и направи шоу“, рекол Медведев.
Рускиот тенисер во полу-финалето ќе игра против Каспер Руд или пријателот Андреј Рубљов. Втората полу-финална двојка е Новак Ѓоковиќ-Александар Зверев.