Исклучувањето на Мајк Мелоун, го обележа поразот на Денвер Нагетс од Филаделфија 89:103, во НБА лигата. Тренерот на Денвер, по шест минути игра во третиот период ја доби втората техничка грешка, поради што мораше да замине во соблекувалната.
Втората техничка, Мелун ја доби поради приговор кон судиите. Тренерот на Нагетс, во моментот кога му беше покажан патот кон соблекувалната тргна кон судиите со намера да се пресмета со нив.
Најдобриот играч на тимот, Никола Јокиќ, успеа да го задржи својот тренер и со тоа да спречи поголем инцидент.
Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, 10 скока и седум асистенции.
„Сакав да видам дали тренерот е добро“, објаснил Јокиќ по натпреварот, зошто пред крајот на мечот излегол од теренот и се упатил кон тунелот.
„Тренерот е полн со емоции, кога ќе го видиме дека е таков тоа дополнително не мотивира.Кошарката е таков спорт, не можете некои работи да ги контролирате додека се игра натпреварот, има премногу детали“, објаснил Јокиќ.