Два дена пред Божик во 2017 година, фудбалскиот свет беше шокиран од информацијата дека Оскар кариерата ќе ја продолжи во Кина. Челси од трансферот на тогаш 26-годишникот заработи 60 милиони евра. Оскар, никогаш не криел дека не можел да ја одбие финансиската понуда на Шангај Порт.
„Кина има неверојатна финансиска моќ, невозможно е да одбиете таква понуда. Јас потекнувам од сиромашно семејство. Овој договор е плод на мојата работа, се чувствувам како победник. Не сакам да бидам сиромашен кога ќе остарам и да живеам од сеќавањата“, рекол Оскар.
Бразилелцот, стана шампион со Шангај Порт во 2018 година, а во 2019 го освои Купот на Кина.
Оскар во Кина игра за годишна плата од речиси 20 милиони евра.
За Шангај Порт досега одиграл 161 натпревар, постигнал 48 гола и забележал 90 асистенции.