Емануел Пети открива дека неговиот поранешен колега од француската репрезентација, Зинедин Зидан „активно учи англиски“ по врските со местото во Манчестер јунајтед, меѓутоа дека не верува дека ќе заврши во Англија, бидејќи фудбалот во Премиерлигата не го привлекува.
Пети, кој заедно со Зидан, беше дел од француската репрезентација која ја освои светската титула во 1998 година, вели дека поранешниот тренер на Реал Мадрид учи англиски за да му помогне во кариерата.
„Комуникацијата е многу важна, така што ако не го зборуваш јазикот кога ќе пристигнеш во клуб како Манчестер јунајтед, тоа може да е голем проблем. Знам дека учи активно англиски во последно време, и тоа е важно во неговата кариера, но искрено не верувам дека ќе отиде во Јунајтед. Секако, тој е фудбалер кој никогаш не играл во Премиерлигата и нема никаква врска со англискиот фудбал и затоа не верувам во тие шпекулации“, вели Пети.
Ова доаѓа откако оваа недела се појавија шпекулации дека тој би ја прифатил понудата од Јунајтед, но само по крајот на сезоната, бидејќи сакал повторно да работи со Кристијано Роналдо и Рафаел Варан.