Top Sport

Трампата Артур-Пјаниќ била нелегална, но никој нема да ги казни Јуве и Барса?

Необичната „трампа“ помеѓу Барселона и Јувентус со Миралем Пјаниќ и Артур Мело минатото лето е типичен пример на „нелегален трансфер“, тврди истражувачкиот новинар Роман Молина, откако и кога се случи размената на играчи се поставија многу прашања околу високите суми кои ги пријавија двата клуба.

Артур и Пјаниќ ги сменија местата во јуни 2020, откако Артур замина за Јувентус за 72 милиони фунти и дополнителни 10 милиони евра во различни бонуси, додека Пјаниќ отиде во Каталонија за 60 милиони евра и 5 милиони евра бонуси.

Со овие „напумпани“ цени, двата клуба можеа да пријават „капитални приходи“, иако во реалноста, единствени пари кои беа вклучени беа 12-те милиони евра во различната проценка. За сметководствени причини, кога фудбалер потпишува со клубот, нивната цена за трансфер се „шири“ на должината на договорот, додека парите за продажба на фудбалер се запишуваат како моментален приход.

Тоа значи дека и покрај тоа што разликата во вредноста е само 12 милиони евра, Јувентус запишале „капитален приход“ од 41.8 милиони евра.

Јуве даде 80 милиони за Артур, Барса 70 за Пјаниќ, но двата клуба ќе запишат 50 милиони профит?

Scroll to Top