Иља Шиманович од Белорусија, го обележа вториот ден од полу-финалните натпревари, во Меѓународната пливачка лига. Членот на Енерџи Стандард постави нов светски рекорд на 100 метри градно.
Шиманович успеа да го подобри сопствениот светски рекорд за две стотинки. Новиот планетарен рекорд на 100 метри градно сега изнесува 55.32 секунди.
Екипата на Енерџи Стандард благодарение на Шиманович избори пласман во финалето на Меѓународната пливачка лига.