Невакцинираните тенисери нема да можат да се натпреваруваат на Австралија опен. Првиот човек на турнирот Крег Тили повторил дека одлуката на властите на сојузната држава Викторија, да го забрани влезот за невакцинираните е јасна од почетокот.
„За да влезете во државата Викторија морате да бидете вакцинирани. Тоа од почетокот им е кажано на тенисерите. Сите мора да бидат вакцинирани не само тенисерите и тенисерките туку и сите членови на нивните тимови“, изјавил Тили за австралиските медиуми.
По оваа изјава на Тили се поставува прашањето дали Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од турнирот. Деветкратниот победник не открива дали се вакцинирал. Тили рекол дека сите во Мелбурн се надеваат дека Ѓоковиќ ќе биде дел од турнирот.
Австралија опен на програмата е од 17. до 30.јануари наредната година.