Top Sport

Вооружени крадци го ограбија менаџерот на Вест хем

Менаџерот на Вест хем, Мануел Пелегрини не е повреден откако тој и неговата сопруга биле ограбени од вооружени напаѓачи во Чиле во текот на викендот.

64-годишниот Пелегрини само што пристигнал во својата татковина, односно не биле поминати ниту 24 часа, кога со сопругата биле мета на вооружени напаѓачи кои ги пресретнале на пат до ресторан во Сантијаго.

За среќа, Пелегрини, кој го замени Дејвид Мојс на клупата на Вест хем на крајот на сезоната, не биле повредени.

„Неколку полицајци кои патролирале, ги слушнале врисоците и помогнале. Кога се појавила полицијата, напаѓачите испукале неколку куршуми, но за среќа никој не е повреден“, изјави Карлос Вилјароел од полицијата во Сантијаго.

Според чилеанскиот весник „Ла куарта“, на сопругата на Пелегрини и била украдена ташната, пред напаѓачите да влезат во автомобил и да избегаат. Пелегрини преку Твитер се заблагодари на брзата реакција на полицајците.

Пелегрини е новиот менаџер на Вест Хем јунајтед

Scroll to Top