Челси ќе остане на лидерската позиција во Премиер лигата и по 12 коло. „Сините“, на отворањето на колото, славеа лесна и убедлива победа во Лестер од 3:0.
Играчите на Челси, во интервал од 14 минути го решија прашањето околу победникот. Ридигер во 14.минута го постигна првиот гол, а во 28. екс играчот на Лестер, Канте со одлична соло акција го совлада Шмајхел.
Точка на натпреварот стави Пулишиќ, по шансата која му ја креираше Зијех.