Луис Хамилтон трката за Големата награда на Катар ќе ја започне од пол-позицијата. Британецот победи во квалификациите на патеката „Лосаил“ со најбрзиот круг од 1:20.827 минути.
Хамилтон во Катар ја освои 102. пол-позиција во кариерата. Неговиот најгголем ривал оваа сезона, Макс Ферстепн, ќе стартува веднаш до него. Лидерот во вкупниот пласман, зад актуелниот шампион задоцни за речиси пола секунда.
Верстапен за „влакно“, беше побрз од вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. До Финецот, од вториот ред, трката ќе ја започне Пјер Гасли од Алфа таури.
Пласман меѓу првите десетмина на статот изборија Фернандо Алонсо (Алпин), Ландо Норис (Мекларен), Карлос Саинц (Ферари), Јуки Цунода (Алфа таури), Естебан Окон (Алпин), Себастијан Фетел (Астон Мартин).
Трката за Големата награда на Катар, во недела ќе започне во 15 часот.