Top Sport

Ракитиќ спречи пораз на Севилја

Севилја успеа да се спаси од пораз против Алавес во 14.коло. Натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“ заврши 2:2. Бод на Севилја и обезбеди Ракитиќ во 92.минута. Прв пат сезонава Севилај не успеа да победи како домаќин во Ла Лига.

Лагвардија го постигна првиот гол за Алавес во петтата минута. Израмни Окампос во 38. На истекот на првото полувреме, по асистенцијата од ВАР собата, Алавес доби пенал. Хоселу успешно го реализираше.

Во вториот дел Севилја доминираше на теренот, но на голот на Алавес мошне сигурен беше Пачеко. Сепак во 92.минута не можеше да го спречи Ракиќ кој го постави конечниот резултат.

Scroll to Top