Top Sport

Шкупи го „здроби“ Пелистер, Академија Пандев со 10 играчи до трилер победа

Лидерот во македонската Прва лига, Шкупи стигна до очекувана и убедлива 5:0 победа над Пелистер за своја 10. победа во 14 кола, за да ја заддржи предноста од 4 поени на врвот на табелата од Академија Пандев, кои едвај со 3:2 го совладаа Тиквеш.

Матеј Цветаноски постигна два гола во првото полувреме, а во листата на стрелците се запишаа и Маркоски, Ѓорѓиевски и Чешмеџиев, за тимот на Гоце Седлоски да го продолжи импресивниот есенски дел од сезоната.

Во Струмица, Академија Пандев и покрај тоа што поголемиот дел од второто полувреме го играа без исклучениот Илиев, стигнаа до 3:2 победа над Тиквеш за да го заддржат темпото со лидерот во лигата.  Фаворитите стигнаа до победи и во преостанатите три меча – Ренова со 4:1 славеше над Борец во Велес, Струга го совлада Работнички со 1:0, додека еден гол им беше доволен и на шампионите Шкендија за 1:0 победа над Брегалница.

ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО

Академија Пандев – Тиквеш 3:2

Борец – Ренова 1:4

Шкендија – Брегалница 1:0

Шкупи – Пелистер 5:0

Струга – Работнички 1:0

Фото: ФК Шкупи

Scroll to Top