Според гласањето на фудбалските фанови најголем фудбалер во историјата на Мундијалите е Уругваецот Алсидес Гиџа, потврди Светската фудбалска федерација (ФИФА).
ФИФА објави дека во гласањето на 578.024 фанови, Гиџа успеа да ги победи многу пославните имиња како Диего Марадона, Пеле или Лав Јашин.
Гиџа беше уругвајски херој на Светското првенство во 1950 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против домаќинот Бразил на „Маракана“ за 2:1 победа, едно од најголемите фудбалски изненадувања во историјата на спортот.
Гиџа почина на 88 години во 2015 година и претставува вистински херој во малата јужноамериканска земја, која ги освои светските титули во 1930 и 1950. Уругвај игра и на Мундијалот во Русија во групата А со домаќинот, Египет и Саудиска Арабија.
? 32 #WorldCup #GreatestPlayers narrowed down to 1…
? You have chosen Alcides Ghiggia, ??@Uruguay’s Maracanazo hero of 1950, as the World Cup’s greatest player!
? Thanks to those who took part in the voting over the last 10 days. 578,024 votes were cast in total! pic.twitter.com/HD6QadccdL
— FIFA World Cup ? (@FIFAWorldCup) June 4, 2018