Top Sport

Кој ќе го сака Умтити ќе треба да плати 500 милиони евра!

Новиот договор на францускиот дефанзивец Самуел Умтити со Барселона има неверојатна клаузула од 500 милиони евра ако некој планира да го откупи неговиот договор.

Во понеделникот, Умтити доби нов петгодишен договор, газејќи ги сите шпекулации за трансфер во Манчестер јунајтед, и сега каталонскиот гигант сака да се осигура тој да остане на „Ноу Камп“, посебно бидејќи досегашната клаузула од 60 милиони евра се сметаше за „премногу мала“.

„Осигурувањето“ на трансферот доаѓа откако Пари Сен-Жермен минатиот август платија 222 милиони евра на Барселона за да го донесат Нејмар во Франција. Умтити дојде во Барселона од Лион пред само две години за 25 милиони евра.

„Со таква клаузула, верувам дека никој нема да се обиде да ни го одземе“, изјави претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу.

Умтити доби нов петгодишен договор со Барселона

Scroll to Top