Привремениот селектор на Русија, Валери Карпин, ќе ја предводи „зборнаја“, во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Ждрепката за баражот ќе биде извршена во петок од 17 часот, во Цирих.
Русија, според резултатите во квалификациите се наоѓа во групата на привилегираните репрезентации заедно со Италија, Португалија, Велс, Шведска и Шкотска.
Во баражот, меѓу непривилегираните ќе биде Македонија, заедно со Полска, Чешка, Австрија и Турција.
„Сите ја посакувата Македонија, мислат дека Македонија е најдобриот противник што може да ни се падне. Но тоа е така само на хартија, на теренот треба да се докажеме“, рекол Карпин.