Top Sport

Страотен пад на Кевендиш, заврши со две скршени ребра

Британската велосипедска ѕвезда, Марк Кевендиш, доби две скршени ребра и повреда на белите дробови при страшниот пад на трките на велодром како дел од Шест дена Гент во Белгија, потврди неговиот тим, Деусенинк-Квикстеп.

36-годишниот Кевендиш ја поминал ноќта во одделот за интензивна нега во беглиската болница, но се очекува бргу да биде пуштен на домашно лекување.

Кевендиш, познат како спринтерски ас, има 34 етапни победи на Тур де Франс и сребрен олимписки медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016, а беше и светски шампион во улична трка во 2011 година.

Неговата сопруга, Пита Тод на Твитер се заблагодари на фановите за пораките на поддршка.

„Благодарност и до медицинскиот тим кој ни помогна, како и организаторите на трката, кои ми помогнаа мене и на децата“, напиша Тод на Твитер.

Scroll to Top