Фудбалскиот клуб Зенит наредниот натпревар во европските купови ќе го игра пред празни трибини поради расистичкото дивеење на неговите навивачи. УЕФА го казни рускиот тим и парично, со 70.000 евра, поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварот против Лајпциг во Лига Европа, одигран во март оваа година.
Покрај расистичкото однесување на навивачите, Зени е казнет и поради тоа што навивачите ги блокирале скалите на стадионот „Крестовски“,
Покрај Зени казнети се и други клубови.
Ливерпул е казнет со 20.000 евра, бидејќи навивачите се однесувале недолично и фрлале тврди предмети на натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој беше исклучен на полувремето на реваншот со Ливерпул доби условна суспензија од два натпревари. Казната ќе биде активирана доколку тој направи нешто слично во наредната година.
ЦСКА Москва ќе плати 20.000 евра, поради употреба на пиротехника и блокирањето на скалите на дуелот со Арсенал во Лига Европа.