Репрезентативците на Аргентина, во Барселона се подготвуваат за Светското првенство во Русија. Јавноста од нив очекува да се борат за титулата, меѓутоа играчите признаваат дека не се во кругот на фаворитите.
„Мораме да бидеме мудри, да не живееме в облаци дека сме фаворити. Репрезентациите на Франција, Германија, Шпанија, Бразил се пред нас. Тоа го покажаа со својата игра и со тоа што подолго време играат добро. Сепак во фудбалот не победува секогаш фаворитот“, рекол Маскерано за една аргентинската телевизија.
Слично размислува и најдобриот меѓу Аргентинците, Лео Меси. Тој минатата недела во едно интервју рече дека Аргентина не е во најтесниот круг на фаворит за освојување на Мундијалот.
Пред четири години, Аргентина играше во финалето и загуби од Германија со 0-1. „Гаучосите“ низ историјата имаат две титули од светските првенства во 1978 и 1986 година.
Аргентина в сабота против Израел ќе го одигра последниот контролен натпревар пред заминувањето за Русија.
На СП „гаучосите“ се во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.