Европскиот парламент денеска даде целосна поддршка на УЕФА, усвојувајќи резолуција за спречување на проектот на Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, Европската Суперлига.
Суперлигата предизвика фудбалски земјотрес во април, кога 12 богати европски клубови, во кои покрај Реал, Јуве и Барса беа и Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси и Ливерпул, Милан, Интер, Атлетико Мадрид и Барселона, објавија дека формираат елитна лига без испаѓање и со богати награди за учесниците.
По само 48 часа и огромниот притисок, најмногу од англиските навивачи, 9 од клубовите се повлекоа, но Јувентус, Барселона и Реал Мадрид постојано тврдат дека проектот уште е жив.
Европскиот парламент на денешната седница усвои резолуција за спортската политика во ЕУ и побара „активности за заштита на европскиот спорт од заканите за паралелни натпреварувања како Европската Суперлига“. Резолуцијата помина со мнозинство од 27-те членки на ЕУ, по што УЕФА се пофали на веб-сајтот дека ова значи целосна поддршка на асоцијацијата.
The @Europarl_EN today called for action to protect European sport from the threat of breakaway competitions.
UEFA welcomes this as an important step forward in the development of the European model of sport.
Full statement: ⬇️
— UEFA (@UEFA) November 23, 2021