Top Sport

Јунајтед го потврдија потписот на Фред

Манчестер јунајтед, конечно, го потврдија трансферот на Фред од тимот на Шахтјор Доњецк, како прво засилување во летниот преоден рок.

„Манчестер јунајтед објавува дека се согласи со Шахтјор за трансферот на Фредерико Родригеш де Паула Сантос (Фред). Дополнително соопштение ќе биде достапно“, се вели на веб-сајтот на англискиот гигант.

Се верува дека договорот е вреден 52 милиони фунти со што Фред ќе биде петтото најскапо засилување за Манчестер јунајтед. Само Пол Погба, Ромелу Лукаку, Анхел ди Марија и Антони Марсијал ги чинеле повеќе „ѓаволите“ во нивната историја.

Жозе Мурињо сакаше да го засили средниот ред на неговиот клуб по неизвесната иднина на Маруан Фелаини и повлекувањето на Мајкл Керик. 25-годишниот Фред е дел од бразилската репрезентација на Светското првенство во Русија и додека тој беше на подготовки, неговиот агент, поранешниот фудбалер на Арсенал, Жилберто ги водеше преговорите со Јунајтед.


Scroll to Top