Минатиот викенд во Полска се одржа боречка претстава – „Фејм“.
На неа се одржа необична борба меѓу Јацек Мурански и Аркадиуш Танкул. Организаторите решиле да измислат нова побрутална ММА верзија.
Полјаците го смалија октагонот на околу 7 метри квадратни, многу помалку од стандардниот „кафез“.
Борбата ја шокираше боречката јавност затоа што малиот простор не им дозволува на борците ниту секунда одмор, нема простор за бегање, тактиката е отежната, а шансите за нокаут се многу поголеми.
Погледнете:
highlight of all fence grabs and bites from jacek muranski in his fight vs arkadiusz tancula at fame mma 12 pic.twitter.com/wKMzc01LIC
— Matysek (@Matysek88) November 22, 2021