Црвена звезда со 1:0 го совлада бугарскиот шампион Лудогорец, додека Динамо Загреб дома одигра 1:1 со Генк, но двата регионални фудбалски гиганти ќе треба да почекаат до последното коло во Лига Европа за да осигураат пласман во нокаут фазата.
Голот на Мирко Иваниќ во Белград беше доволен за победа на Звезда над последнопласираниот Лудогорец, а откако но ќе мора да не загубат во последното коло на гостувањето кај Спортинг Брага или да се надеваат дека Митјиланд нема да слави во Бугарија за обезбедување на едно од првите две места.
За Динамо ситуацијата е поедноставна, но не и полесна. Во последното коло тие гостуваат кај апсолутните лидери Вест хем со два поени предност пред Генк, кои пак дома играат со Рапид Виена. Ако Генк го совлада Рапид, тогаш на „модрите“ ќе им биде потребен поен од Лондон за пласман понатаму.
Во нокаут фазата се Лацио, кои по 2:0 победата кај Локомотив Москва, и 4:2 поразот на Олимпик Марсеј кај Галатасарај, ќе се приклучат на турскиот клуб во 1/16 финалето. И во групата Г има двајца сигурни патници – Баер Леверкузен и Реал Бетис, откако Селтик пропушти 1:2 водство во Германија за 3:2 пораз од „фармацевтите“.
ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО
ГРУПА Е
Галатасарај – Марсеј 4:2
Локомотив Москва – Лацио 0:2
ГРУПА Ф
Црвена звезда – Лудогорец 1:0
Митјиланд – Спортинг Брага 3:2
ГРУПА Г
Баер Леверкузен – Селтик 3:2
Реал Бетис – Ференцварош 2:0
ГРУПА Х
Динамо Загреб – Генк 1:1
Рапид Виена – Вест хем 0:2