Top Sport

Хулиганите на Легија се пресметаа со полицијата во Лестер

Навивачката група на Легија од Варшава е една од најжестоките и најекстремните во фудбалскиот свет.

Синоќа, тие го следеа гостувањето на својот тим во Лестер. Во второто полувреме на „Кинг Пауер“ стадионот, тие запалија десетици факели, а потоа тргнаа во пресметка со полицијата и обезбедувањето. Намерата им беше да се пробијат до трибината на која беа домашните фанови.

Според англиските медиуми повеќе од 100 хулигани учествувале во пресметката.

Натпреварот заврши со победа на Лестер 3:1. Во пресрет на последното коло Лестер има осум, Наполи и Спартак Москва по седум, а Легија шест бода.

Лестер во последното коло ќе гостува во Неапол, а Легија ќе го пречека Спартак.

Scroll to Top