Фудбалерите на Ривер Плата по пауза од седум години ја вратија шампионската титула на „Монументал“. Со победата над Расинг 4:0, Ривер Плата на четири кола до крајот на сезоната во Аргентина ја обезбедија титулата.
Првиот гол го постигна Палавесино, потоа два пати погоди Ромеро, а конечниот резултат го постави најдобриот стрелец во лигата, Хулијан Алварез.
Натпреварот на „Монументал“ го следеа 70.000 навивачи.
Дуелот се одигра на годишнината од смрта на Диего Армандо Марадона. Навивачите му одадоа почит на легендата на аргентинскиот фудбал.
River entendió todo ante Racing. Dio un recital en el campo de juego, pero la noche perfecta empezó con su gente, antes del partido, ovacionando y respetando la memoria de Diego Armando Maradona. ???pic.twitter.com/8gFKOByl6J
— VarskySports (@VarskySports) November 26, 2021