„Долг пат е пред нас“, изјави менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, по шокантиот пораз од Мура во Лигата на конференции. Тотенхем во последното коло, против Рен ќе треба да обезбеди место во нокаут-фазата.
„По три недели во клубот полека почнувам да ја разбирам ситуацијата. Не е едноставно, не сум волшебник. Во овој момент нивото на Тотенхем не е високо. Сакам да останам овде, но мораме многу да работиме за да го подобриме квалитетот на тимот. Ние сме Тотенхем, но постои голема дупка помеѓу нас и врвните тимови. Сепак не сум исплашен“, рекол Конте.