ПСЖ подготвуваат смена на тренерот Маурицио Покетино. Аргентинецот не може да ги контролира егата на големите ѕвезди, нема никакво влијание во соблекувалната. Во Париз сметаат дека, Зинедин Зидан е човекот кој може да воведе ред во соблекувалната.
Голем број медиуми, неколку дена пишуваат дека ПСЖ ги започнале преговорите со Зидан. Францускиот тренер е невработен од крајот на минатата сезона кога го напушти Реал Мадрид.
„Договорено е. Наскоро ќе биде и официјално потврдено. Добродејде Зизу“, напишал на „Твиер“, Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани, братот на сопственикот на ПСЖ, емирот Тамин бин Хамад Ал-Тани.
Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани, минатото лето прв објави дека Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
⚡? ?
Les choses sont réglées.
Bientôt annoncé..Bienvenue Zezo
— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) November 26, 2021