Top Sport

Клоп: Рангник? Добра вест за Јунајтед, лоша за сите останати клубови

Ралф Рангник ќе биде биде менаџер на Манчестер јунајтед до крајот на оваа сезона, со можност потоа да потпише двегодишен договор.

Изборот на „црвените ѓаволи“, го за англиските медиуми го коментирал менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„За жал, добар тренер доаѓа во Англија, во Манчестер јунајтед. Тој е тренер со големо искуство, од ништо успеа да изгради два клуба. Јунајтед ќе бидат организирани на теренот. Тоа не се добри вест за сите останати клубови во Премиер лигата“, рекол Клоп.

Клубовите кои ги изградил од ништо се Хофенхајм и Лајпциг. Рагник во 2007 година го внесе Хофенхајм во втората Бундес лигата, а во наредната избори историски пласман во Бундес лигата.

Од 2012 година тој беше спортски директор на Салцбург и Лајпциг. Тренер на Лајпциг стана во 2015 година. Во неговиот мандат клубот влезе во Бундес лигата, а во 2018 година повторно бил назначен за тренер.

Една година подоцна е назначен за шеф на развој на Ред Бул, на глобално ниво. Рагниг особено се фокусирал на Њујорк Ред Бул и Ред Бул Брагантино.

Њујорк во неговиот мандат освои три трофеи, а Брагантино влезе во бразилската Серија А.

Рагникг во Манчестер јунајтед доаѓа од Локомотив Москва, каде беше спортски директор.

Scroll to Top