Роналд Куман, пред три недели доби отказ во Барселона. Клубот го отпушти тренерот по поразот од Рајо Ваљекано. На неговото место го назначи Чави Ернандез.
Куман, успеа во намерата да си ги земе речиси сите пари што му следуваа според договорот.
Адвокатите се договориле, наместо 11.500.000 евра, Барселона до крајот на годината, на Куман да му исплати 10.000.000 евра.
Отпремнини ќе добијат и помошниците на Куман, Алфред Шродер и Кенрик Ларсно. Не е познато колку пари Барселона треба да им исплати на овие двајца.
Обесштетувањето што треба да му го исплати на поранешниот тренер и неговите помошници само ќе ги зголеми финансиските проблеми во кои се наоѓа Барселона и ќе му го намали маневарскиот простор на клубот во пресрет на зимскиот преоден рок.