Top Sport

Мура има буџет колку шест неделни плати на Хари Кејн

Англичаните се уште не можат да разберат како Тотенхем си дозволија да бидат понижени од Мура во Конференциската лига.

Стадионот на Мура не ги исполнува условите на УЕФА, поради што го пречекаа Тотенхем во Марибор. Со два прекрасни гола му пресудија на фаворизираниот противник.

Според „Трансфермарк“, Мура има вредност од 7.000.000 евра, а Тотенхем цели 700.000.000 евра.

Низ Европа стана вирален „Твитот“ на еден Словенец, кој истакнува дека годишниот буџет на Мура, најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, го заработува за само шест недели.

Кејн, во Тотенхем, има неделна плата од 350.000 евра. Кејн постигна гол против Мура, но теренот го напушти со наведната глава.

Scroll to Top