Top Sport

Леонардо: ПСЖ има голем респект за Зидан, но наш тренер е Маурисио Почетино

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо одговори на шпекулациите дека клубот веќе контактирал со Зинедин Зидан да биде наследник на Маурисио Почетино на „Паркот на принцовите“, доколку Аргентинецот замине за Манчестер јунајтед.

Шпекулациите се зголемија по отказот на Оле Гунар Солскјер, дека Почетино е посакуваниот тренер на бордот на Јунајтед и дека тој самиот е подготвен за трансфер, додека дел од фудбалерите на ПСЖ веќе очекувале пристигнување на Зидан. Леонардо вели дека нема вистина во шпекулациите.

„Не сакаме Почетино да замине. Тој не побарал да замине и ниту еден клуб не контактирал со нас за него. За Зинедин Зидан имаме огромен респект, за тоа што го направи како фудбалер и тренер, но можам јасно да потврдам дека нема контакти и дека немало состанок“, вели Леонардо за „АФП“.

Засега, Јунајтед ќе се задоволат со именување на Ралф Рангник како привремен тренер до крајот на сезоната, по што тој ќе биде советник во тимот, во исчекување на пристигнувањето на Почетино на крајот на сезоната.

Scroll to Top