Борусија Дортмунд во дербито на 13.коло победи во Волфсбург. По 10.победа од стартот на сезоната „милионерите“ ја презедоа лидерската позиција од Баерн Минхен. Колото го обележа убедливиот пораз на Борусија Менхенгладбах во Келн и натпреварот со девет голови помеѓу Гројтер Фирт и Хофенхајм.
Волфсбург одлично влегоа во дербито со Борусија, по 120 секунди играа имаа водство преку Вегхорст. „Милионерите“ во мечот ги врати Џан од пенал во финишот на првиот дел. Во второто полувреме Мален и Халанд го комплетираа пресвртот.
Халанд кој не играше повеќе од еден месец, на теренот влезе во 73. минута, осум минути подоцна постигна гол.
Келн со 4:1 ја совлада Борусија Менхенгладбах, а Хофенхајм на гостински терен славеа победа 6:3 на д Гројтер Фирт. Победа од 2:1 забележа Бохум над Фрајбург, а без поббедник 1:1 заврши дуелот Херта-Аугсбург.