Австриецот Матијас Мајер победи на спуст трката која се одржа во Лејк Луис, Канада. Победата во Канада е 11 во кариерата на Мајер. Двократниот олимписки шампион победи со време 1:46.74 минути.
Мајер за 23 стотинки беше побрз од сонародникот Винсент Крихмајер. Актуелниот победник во оваа дисциплина, Швајцарецот Беат Фојз го освои третото место.
Утре во Лејк Луис ќе се вози трката во Супер-Џи.