Откако германскиот селектор Јоаким лев, а потоа и младиот стратег на Хофенхајм Јулијан Негелсман, го одбија Реал Мадрид, истото го направил и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Италијанецот се заблагодарил на понудата да го предводи Реал, откако тимот неочекувано го напушти Зинедин Зидан. Алегри поради смејни причини не сакал да ја напушти Италија.
Шпекулациити говорат дека Алегри ќе одработи уште една или две сезони во Јувентус, а потоа ќе се обиде да ја оствари својата голема желба, да биде селектор на Италија.
Покрај Лев, Негелсман и Алегри, реални опции за Реал не се ниту Маурицио Почетино и Јирген Клоп, бидејќи нивните клубови немаат намера ди пуштат во Мадрид.