„Вечниот“ Џанлуиџи Буфон можеби има 43 години, но уште е фантастичен голман, покажувајќи го тоа со третата одбрана на пенал за Парма оваа сезона во Серија Б.
Популарниот Џиџи одбрани пенал при 1:1 ремито со Комо, по кое неговиот прв (и најверојатно последен клуб) е само на 14. место во втората италијанска лига. Ова беше 38. одбранет пенал во кариерата за Буфон (има примено 81) и трет во Серија Б оваа сезона.
Сепак, со неговите 43 години и 10 месеци, тој не е рекордер – Андреа Пиеробон од Читадела одбрани пенал во април 2014 на 44 години, 8 месеци и 17 дена. Така што, има уште време за Џиџи.
Buffon out here saving penalties at 43 years of age ? #ComoParma
— Sacha Pisani (@Sachk0) November 28, 2021