Top Sport

Голман намести соиграч да добие црвен картон

Голман во Норвешка намести соиграч да добие црвен картон. Бизарната ситуација се случи на натпреварот Кристијансунд-Викинг 2:3.

Дефанзивецот од Словенија, Давид Брекало, двата пати го турнал голманот Патрик Гунарсон. Голманот паднал како покосен, а судијата му покажа црвен картон на Брекало.

Гунарсон симулирал дека соиграчот го удрил по лицето и покрај тоа на снимката се гледа дека соиграчот го турка во пределот на градите.

Scroll to Top