Повратникот во Барселона, Дани Алвеш вели дека за него Лионел Меси ќе остане најдобриот фудбалер на денешницата, но дека „Златната топка“ заслужува да оди кај Данецот Кристијан Ериксен.
38-годишниот Алвеш, кој освои три титули од ЛШ со Барселона и освои двојна титула со Јувентус во Италија, вели дека во Париз вечерва треба да биде почестен фудбалерот на Интер, Ериксен, кој колабираше на ЕУРО 2020 со срцев напад на првиот меч на данската репрезентација.
„Ериксен ја заслужува ‘Златната топка’ оваа година за тоа низ што помина. Тоа би било силна порака до целиот фудбал, луѓето да имаат малку повеќе чувствителност. Меси е најдобриот, веќе 20 години, но би било навистина убав гест да му ја дадат наградата на Ериксен“, вели Алвеш.