Top Sport

Роналдо: Шефот на „Франс фудбал“ е лажго!

Кристијано Роналдо во неверојатно груб пост на Инстаграм го нарече уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере лажго по неговата изјава дека самиот Роналдо му кажал дека најголемата амбиција во кариерата му е да заврши со повеќе „Златни топки“ од Лео Меси.

Во изјава за „Њујорк тајмс“, Фере изјави дека „Роналдо има една амбиција – да се пензионира со повеќе ‘Балон д’ор’ награди од Меси, го знам тоа бидејќи самиот ми кажа’. Роналдо вели дека таков разговор не се случил и дека Фере се промовира самиот со неговата изјава.

„Денешниот исход (наградата уште не е официјално доделена н.з.) ги објаснува изјавите на Паскал Фере, кој вели дека мојата амбиција е да завршам со повеќе ‘Златни топки’ од Лионел Меси. Фере лажеше, го користеше моето име да ја промовира работата која ја има. Неприфатливо е одговорниот за така престижна награда да лаже, со целосно непочитување кон некој кој секогаш го почитувал ‘Франс фудбал’ и ‘Златната топка’. И денеска повторно лажеше, оправдувајќи го моето отсуство од гала-вечерата со наводен карантин кој не постои. Секогаш им честитам на тие кои победуваат, спортски и фер како што ја водам мојата кариера од почетокот, така што никогаш не сум против никого. Победувам за мене, за клубовите за кои играм, и за тие кои ми посакуваат добро. Не победувам против некого. Најголемата амбиција во кариерата ми е да освојувам национални и интернационални титули за клубовите и за мојата репрезентација. Да бидам вистински пример за сите кои сакаат да бидат професионални фудбалери. Да го оставам моето име запишано со златни букви во историјата на светскиот фудбал. Ќе завршам со тоа што ќе кажам дека фокусот е на следниот меч на Манчестер јунајтед и за работите кои можеме да ги освоиме оваа сезона со моите другари и навивачи. Другото? Другото е само друго?“, вели Роналдо.

Шефот на „Златната топка“: Единствена мотивација на Роналдо е да има повеќе титули од Меси

Scroll to Top