Top Sport

Кари не погоди ништо, Финикс во дербито ги победи Голден стејт

Финикс Санс го добија дербито на двете најдобри екипи во НБА лигата. Санас славеа во дуелот со Голден стејт Вориорс 104:96. Натпреварот го обележа повредата на Девин Букер и лошото издание на Стеф Кари.

Натпреварот во „Футпринт центар“, донесе голема борба до самиот финиш, кога Санс шрв пат на натпреварот стекнаа двоцифрена предност. На крајот Финикс ја забележаа 17. победа во низа. На наредниот меч, против Детроит, ќе имаат можност да го изедначат клупскиот рекорд.

Диандре Ејтон забележа 24 поени и 11 скокови, Крис Пол имаше 15 поени и 11 асистенции. На спротивната страна Џордан Пул со 28 поени беше најефикасниот играч на теренот. Стеф Кари погоди само три тројки оф 14 обиди, мечот го заврши со 12 поени.

Санс од втората четвртина играа без Девин Букер кој се повреди.

Двата тима сега имаат скор од 18 победи и три порази.

Неизвесно и возбудливо беше во дербито на Њујорк. Бруклин со поените на Џејмс Џонсон од линијата за слободни фрлања го порази Њујорк Никс 112.110.

Кевин Дурент мечот го заврши со 27 поени. Најдобар на теренот беше Џејмс Харден со 34 поени, 10 скока и осум асистенции. Њујорк го предводеше Џулиус Рендл со 24 поени, девет скока и осум асистенции.

Лејкерси, без Леброн Џејмс, го декласираа Сакраменто 117:92. Џејмс, поради здравствените протоколи не настапи во Сакраменто. Ентони Дејвис уфрли 25, а Расел Вестбрук 23 поени за Лејкерси.

Scroll to Top